Оптимистите имаат 50 проценти помалку шанси да заболат од срцеви болести. Песимистите не веруваат во ова. Науката, за среќа верува.
Секој ден науката се повеќе и повеќе го потврдува она што веројатно го знаете инстинктивно и што е ваш начин на живот – позитивниот став во животот делува пријатно на психофизичкото здравје на човекот. Најново истражување покажа дека оптимизмот го подобрува и здравјето на срцето.
Џулиа Боем, научник од Харвард вели:
„Недостатокот на негативност не е исто што и присутност на позитивност. Откривме дека оптимизмот, животното задоволство и среќата се поврзани со намалување на ризикот од срцеви болести независно од возраста, социоекономскиот статус, (не)пушењето или телесната тежина“.
Освен позитивниот поглед на животот, велат научниците, за подоброто здравје на срцето придонесува и редовното вежбање, здравата (избалансирана) исхрана и доволната количина на сон. Комбинацијата на ваквиот начин на живот со оптимизмот делува позитивно и на крвниот притисок, холестеролот и придонесува за нормална телесна тежина. Затоа, како што заклучуваат научниците, оптимизмот го продолжува животот.