4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНЛБ Банка нема да дели дивиденда, ќе се придржува до препораките на...

НЛБ Банка нема да дели дивиденда, ќе се придржува до препораките на Народната Банка

Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, на седницата одржана вчера(23.04.2020), одлучи да не подели дивиденда на акционерите, односно од остварената добивка, 1.672.270.392,00 денари да ги стави во нераспределена добивка и 177.647.606,00 денари во задржана заработувачка за инвестиции.

Како што се вели во соопштението објавена на Македонска берза, “неочекуваната ситуација со пандемијата КОВИД-19 и врз основа на Писмото од
Народната Банка на Република Северна Македонија од 20.03.2020, во кое се очекува банките во Република Северна Македонија да се воздржат од исплата на дивиденда од реализирана добивка за 2019, со цел да го надградат капиталот и ликвидните резерви над минимално потребниот праг предлагаме распределба на реализираната добивка за 2019 во 1.Нераспределена добивка во износ од МКД 1.672.270.392,00 и 2.Задржана заработувачка за инвестиции во износ од МКД 177.647.606,00”.

Со ова, остварената добивка за 2019 ќе биде на тековно располагање на Банката за ликвидносни цели, но и на располагање на Собранието на акционери за понатамошно одлучување во однос на начинот на постапување со нераспределената добивка понатака, кога Банката ќе има повеќе информации за да направи квалитетна проценка на развојот на економската и финансиската ситуација и нејзиното влијание врз капиталот на Банката и позицијата на ликвидност.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП