8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија со продажба на обврзници собра 6,3 милијарди евра

Италија со продажба на обврзници собра 6,3 милијарди евра

italy2

Италија вчера со продажба на државните должнички хартии собра 6,3 милијарди евра, со нешто поголеми каматни стапки во однос на претходната аукција, поради новите судири околу Италија на финансиските пазари.

Продажбата на 30-годишни обврзници во државната каса донела 1,46 милијарди евра, со приноси од 5,19 проценти, за 0,2 проценти повеќе во однос на претходната слична аукција, пренесува агенцијата Франс Прес.

Рим со продажбата на петгодишни записи собрал 1,5 милијарди евра, со каматна стапка од 2,68 проценти, за 0,07 проценти повеќе во однос на претходната аукција.

Од друга страна, придонесите за тригодишните обврзници паднале на 2,33 од 2,38 проценти, а со продажбата на тие видови на хартија собрани се 3,38 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП