10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуомо: Ако Трамп нареди отворање нема да го спроведам

Куомо: Ако Трамп нареди отворање нема да го спроведам

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, во вторникот изјави дека нема да се придржува до потенцијалните наредби кои ги најави Доналд Трамп, за повторно покревање на економијата во неговата сојузна држава, ако одлуката го загрозува јавното здравство.

„Ако ми нареди да ја отворам (државата) на начин кој би го загрозил здравјето на луѓето во мојата држава, јас тоа не би го сторил“, изјави Куомо во интервју за CNN.

Трамп на прес конференцијата во понеделникот изјави дека има “апсолутни овластувања” во поглед на повторно воспоставување на економиите на сојузните држави.

Правните експерти и некои гувернери тврдат дека тоа е противуставно.

Куомо изјави дека во случај на наредба, судот мора да го разреши во чие овластување е споменатото овластувањето.

„А најлошото нешто кое можеме да го сториме во овој момент е да се дејствува диктаторски и на партиски начин, кој дели“, изјави тој.

„Држете ја политиката надвор од тоа“, додаде Куомо.

Гувернерот на Њујорк изјави дека американскиот устав го решава тоа прашање.

„Уставот вели дека сојузната власт нема апсолутна моќ“, изјави Куомо, “токму спротивното од она што го рече Трамп”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП