28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанските граѓани трошат повеќе надвор од земјата, отколку туристите во Албанија

Албанските граѓани трошат повеќе надвор од земјата, отколку туристите во Албанија

Albania tourism destinations

Албанските граѓани и покрај економската криза потрошиле повеќе пари за патување надвор од земјата, споредено со истиот период минатата година, јави дописникот на МИА од Тирана.

Тие во периодот јануари-март годинава потрошиле 206 милиои евра или за 14 отсто повеќе споредено со истиот период лани.

Албанските граѓани во првите три месеци од годинава потрошиле помалку пари споредено со последното тромесечие од лани, но затоа пак за 14 отсто се зголемени трошоците за патување надвор од земјата во првото тромесечие од годинава споредено со истиот период лани.

Потрошените пари за патување надвор од земјата ќе бидат уште поголеми во летиниот период кога голем број од нив летуваат надвор од земјата.

Она што посебно паѓа во очи е фактот што граѓаните на Албанија за патувања надвор од земјата трошат повеќе пари споредено со приходите кои земјата ги остварува од присуството на странците во Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП