27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајавен е суперавтомобил од Австралија

Најавен е суперавтомобил од Австралија

halstead 1

Во Австралија се подготвува нов суперавтомобил чие име се уште не е познато, но според перформансите би требало да му конкурира на „Bugatti Veyron“.

Зад овој проект стои 67-годишниот австралиски претприемач Пол Халстед кој во осумдесетите години од минатиот век направи серија од 15 примероци од автомобилот „Giocattolo“, всушност тоа беше модифицирана „Alfa Romeо Sprint“ во која беше вграден V8 мотор.

Сега Халстед најавува дека работи на нов суперавтомобил, а изгледот го најави преку овие цртежи.

halstead 11

Суперавтомобилот на Халстед, во чија конструкција ќе бидат употребени кевлар и јаглеродни влакна, се очекува да располага со 1200KS, додека моќта на задните тркала ќе се пренесува преку секвенцијална трансмисија.

Премиерата на овој автомобил се очекува во 2016-та година во Детроит, а доколку има доволно заинтересирани купувачи се очекува и производство на помала серија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП