25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 22 случаи на коронавирус во земјава, вкупниот број се искачи на...

Нови 22 случаи на коронавирус во земјава, вкупниот број се искачи на 136

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 136, од кои еден излекуван и двајца починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

– Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје

– Дебар (40) – од кои еден починат

– Штип (7)

– Куманово (3) – од кои еден починат

– Кавадарци (2)

– Охрид (2) – од кои едно лице е од Скопје, а е во изолација во Охрид

– Гостивар (1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП