2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоа е бизнис: Хилари Клинтон од еден говор заработува 200 илјади долари

Тоа е бизнис: Хилари Клинтон од еден говор заработува 200 илјади долари

hilari1

По кариерата во јавната администрација, поранешната американска државна секретарка Хилари Роднам Клинтон се посвети на држењето говори за различни групи на професионалци, наплатувајќи го секој свој говор 200 илјади долари, пишува Вашингтон Пост.

Минатиот месец Клинтон пред 15 илјади експерти за човекови ресурси во Чикаго одржа говор за можните последици од имиграциските и здраствените реформи во нивниот сектор, пишува весникот.

Откако пред шест месеци ја напушти должноста државен секретар, Клинтон одржа говор за инвеститорите во недвижнини во Далас, менаџерите во Лос Анџелес и неколку говори за директорите на големите компании.

Веќе се договорени нејзините настапи пред туристичките агенти, трговците со недвижнини, патолозите и дилерите со автомобили, а за секој свој говор, според организаторите на ваквите манифестации, Клинтон заработува чек од 200 илјади долари, пренесува американскиот весник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП