2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFAA му нуди на Boeing да плати казна од 20 милиони долари

FAA му нуди на Boeing да плати казна од 20 милиони долари

Американската федерална управа за цивилно воздухопловство (FAA) му понуди на Boeing да плати 19,68 милиони долари казна поради неодобрените сензори во 737 MAX авионите.

Претходно, во петокот, Конгресниот комитет за транспорт и инфраструктура соопшти дека Boeing авионите 737 MAX имале технички проблеми како и помала транспарентност во врска со тоа, додавајќи дека не се очекува тој авион да се врати во редовна употреба.

После две несреќи во траење од пет месеци, во кои загинаа 346 лица, тој авион е призејмен веќе скоро една година. Оттогаш, американскиот производител на авиони се соочува со сериозни деловни проблеми поради нарушена репутација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП