20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗидан: Победата во „Ел Класико“ носи прекрасно чувство

Зидан: Победата во „Ел Класико“ носи прекрасно чувство

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изрази задоволство од победата над Барселона (2-0), по која „белите“ ја вратија лидерската позиција во Ла Лига.

Погодоците за „кралскиот“ клуб ги забележаа Виничиус Жуниор и Маријано Дијаз по паузата.

– Победата во „Ел Класико“ носи прекрасно чувство. Првото полувреме беше многу тешко за нас, но тоа е нормално. По паузата, игравме на вистински начин. Бевме опасни во нападот и убаво притискавме, што беше најважното. Ако не ја притиснете Барса, постојано ќе ја бркате топката, што е лошо. Виничиус го заслужи тој гол против неговиот најголем ривал. Мило ми е и за Маријано. За него не е лесно што игра претко. Тој се вклучи одлично и сите сме среќни за неговиот придонес, изјави Зизу по мечот.

Реал Мадрид има 56 бода, а Барселона е втора со 55. Во следното коло Мадрид ќе го игра Бетис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП