28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини: Ако Интер загуби од Јуве, ја губи титулата

Манчини: Ако Интер загуби од Јуве, ја губи титулата

Селекторот на Италија, Роберто Манчини верува дека пораз на Интер во дербито на Јувентус ќе ги минимизира шансите на „нероазурите“ за титулата во Серија „А“. Гигантот од Торино во моментов е рангиран на првото место во пласманот со 60 поени, додека Интер е трет со 6 бода помалку, но исто така и натпревар на гости против Сампдорија. Втор е составот на Лацио.

– Ако Лацио во исто време ја победи Болоња, тогаш станува многу тешко за Интер. Ќе биде многу тешко за Интер да надмине ваква разлика, иако тие имаат уште еден натпревар против Сампдорија. Кога следите други екипи, тоа значи дека сте под постојан притисок и немате право да направите грешки, рече тој.

Манчини исто така ги коментираше критиките кон Јувентус по поразот од 0:1 против Лион во Лигата на шампионите.

– Мислам дека Сари не е во тешка позиција. Неговиот тим е се уште лидер во Серија А и би можел да го квалификува во четвртфиналето во ЛШ и покрај поразот од Лион. Јувентус се уште игра за Купот на Италија. По толку години успеси, Јуве може да има некои проблеми во моментов, но тие не зависат од Маурисио Сари, рече Роберто Манчини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП