петок, 27 јануари 2023
ПочетнаЗДРАВЈЕПричината поради која попладневното спиење подолго од половина час не е добра...

Причината поради која попладневното спиење подолго од половина час не е добра идеја

Луѓето со нормално работно време немаат време за попладневен сон. Но, многумина тоа го практикуваат за време на викендите и со тоа на себе не прават никаква услуга, велат експертите.

Попладневно дремнување подолго од половина час не е добра идеја, тврди германскиот експерт за проблеми со спиењето, д-р Ханс-Гуентер Вес.

Имено, после половина час дремнување се запаѓа во РЕМ фазата на спиење, позната и како сон во кој се сонува, од кој повеќе од 70 проценти од луѓето се будат летаргично.

Покрај тоа, попладневното спиење ја одложува вечерната поспаност и го отежнува заспивањето кога е потребно.

Луѓето со нарушувања во спиењето треба да посветат особено внимание на тоа, предупредуваат експертите.

Има и такви кои попладне можат да заспијат без никаква последица на нивната свежина подоцна или способност квалитетно да спијат ноќе, изјави тој.

Без оглед на тоа, советува попладне да не се спие, а ако некои сè уште имаат намера да го сторат тоа, не треба да спијат повеќе од половина час и не подоцна од 15 часот.

Советот не се однесува на децата бидејќи тие дури на училишна возраст стекнуваат способност дневните потреби за сон да ги исполнат ноќе, „во едно дел“.

Дотогаш, нивниот попладневен сон е добредојден, изјави Вес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП