24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија сака уште повеќе работници од Балканот

Германија сака уште повеќе работници од Балканот

На Германија и е потребна работна сила, и владата го забрзува процесот на миграција на странски експерти. Во Бон е отворена нова служба која ќе координира признавање на професионални квалификации стекнати во странство, пренесува Deustche Welle.

Германската економија зависи од имиграцијата. Затоа федералната влада започнала програма за привлекување странски експерти под мотото „Make it in Germany“. Тоа е национален приоритет.

– Без странски експерти, нема да можеме да ја одржиме нашата благосостојба. Не можеме само да чекаме на тие луѓе, мора да се потрудиме околу нив – изјави федералниот министер за труд, Хубертус Хајл.

Германското биро за статистика тврди дека бројот на работо-способни граѓани на Германија до 2035 година ќе се намали од четири на шест милиони. Во многу индустрии преовладува недостигот на работна сила, а дури 56 проценти од анкетираните фирми сметаат дека недостиготот на работна сила во моментот е нивниот најголем деловен ризик.

Секоја трета германска компанија во последниве години вработува работници од други земји членки на Европската Унија, односно трети земји. Многу фирми поради недостаток на работници не можат да прифатат нови нарачки и трпат огромни финансиски штети.

Федералната влада (конечно) го сфати плачот на бизнисмените и веќе некое време напорно работи на создавање предуслови за привлекување експерти од странство. По долгата дебата, донесен е Закон за професионална имиграција на трудот, со што сојузната влада призна дека Германија е имигрантска земја – и тоа шест децении по пристигнувањето на првиот голем бран гастарбајтери.

Според германскиот печат, во таа земја во овој момент постојат околу 1.400 странски служби кои се занимаваат со странски дипломи.

Добро за Германија, лошо за Балканот?

Процесот на признавање до сега беше премногу комплициран и траеше многу долго, многу подолго отколку да речеме во скандинавските земји, САД или во Канада. А тоа Германија не може да си го дозволи себеси во глобалната борба за најдобрите експерти, велат од сојузната влада. Новата канцеларија за признавање на странски квалификации, кој со работа започна на почетокот на овој месец, тоа би морало да се поправи.

Но, она што од една страна  и помага на Германија (новите правила на имиграција), на друга страна отвора големи проблеми – Југоисточна Европа не ја напуштаат само најдобрите квалификувани кадри со универзитетски дипломи, туку и негователи, возачи, автомеханичари и работници од другите гранки. Од нашата земја, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина во Германија годишно одат илјадници работници.

Мотивацијата за напуштање не се само повисоките германски плати (повисоки се и трошоците за живот), туку и корупцијата, лошата перспектива, а честопати недостасува владеење на правото во земјите. Според ОБСЕ, само Србија ја напуштиле околу 650.000 луѓе помеѓу 2000 и 2015 година – скоро една десетина од вкупното население. Слично е и во другите земји од регионот.

Меѓу нив има многу млади, високообразовани кадри – зад кои останува голем јаз на домашниот пазар на трудот, а тоа го влошува и демографскиот проблем. Од друга страна, парите кои што ги праќаат новите гастербајтери од странство, помагаат да се одржи социјалниот мир во нивните земји на потекло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП