3 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУПОЗ добил ултиматум од Владата, за повисок додаток на плата треба да...

УПОЗ добил ултиматум од Владата, за повисок додаток на плата треба да се откажат од Општиот колективен договор!

Наместо договор синдикалците од УПОЗ од владата добиле ултиматум за нивното барање за раст на додатокот на плата од 30 отсто. Зголемувањето ќе го добиете во рок од четири години, но треба да се откажете од Општиот колективен договор. Ова е условот кој УПОЗ го добил од владата.

Иако во јануари годинава се започнати преговори, веќе имале четири состаноци со владини претставници, но според информациите бил постигнат усмен договор и било прифатено дури и нешто што не се прифаќа, но потоа следел нов ултиматум, велат синдикалците.

„За да ви ги дадеме ние 30те отсто зголемување на додатокот на плата да се откажете од Општиот колективен договор. Ова е условот што го добивме од владата. А тоа значи, онаа пресметка за плати во јавниот сектор дека треба да добиеме плата по ниво на просечна плата, а не по висина на минимална плата. Сојузот на Синдикати на Македонија и УПОЗ кој што е условен во моментов, односно условени се врабогтените во министерствата и државната управа, да прифатат нешто што ниту еден синдикалец не може да го прифати. Тоа е условот од страна на Владата, да потпишеме колективни договори каде што вработените од државната управа ќе добијат за четири години до 30 отсто, и тоа додаток на плата, не плата“, велат од УПОЗ.

По ваквото условување сега синдикалците не гледаат никаков излез. Зачудени се од ваквиот однос, да се условат работници кои практично добиваат најниски плати во јавниот сектор, а имаат одговорни работни задачи кои се во интерес на јавноста, на граѓаните. Се велат дека останува да го чекаат ребалансот на буџетот и да веруваат дека може некое чудо да се случи и дека ќе има средства предвидено за нивните барања.

За работите да бидат дополнително проблематизирани, синдикалците велат дека им се подготвува истото сценарио кои и минатата власт се обидела да им го направи. Согласно челн 16 од предложениот закон за вработени во јавен сектор повторно се враќа одредба која ја укина Уставен суд со која имаше намера да се забрани колективното договарање во јавен сектор. Претходно и минатата влада се обиде преку преавилник да гостори истото но правилникот беше укинат од Уставен суд.

„Во предложениот закон кој е во собраниска процедура исто така има нејасни одредби со кои намерата е иста да се забрани колективното договарање со цел веќе потпишаните Колективни договори да се укинат кога законското решение ќе биде на сила. Намерата е очигледна платите да се исплаќаат само по закон што ги доведува во опасност одредени институции кои имаат плати по колективен договор и тоа е во тотална спротивност од член 32 став 5 од Устравот на Република Македонија, кој вели дека плати се исплаќаат со закон или колективен договор“, додаваат од УПОЗ.

Вработените во државната управа организациите и министерствата на неколку пати стапија во штрајк на работните места но организираа и протести и излегуваа на улица. И овој пат, велат дека нема да се откажат од идејата да штрајкуваат или да го кренат гласот на протест.

Веќе подолго време вработувањето во јавниот сектор не е интересен за младите, најмногу поради ниските плати, и обемната работа поради тоа што поголем дел од институциите кубурат со кадар.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар