Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,359.76 9.05%    GRNT 823.80 4.28%    KMB 6,095.78 6.78%    MPT 50,291.21 8.19%    MTUR 4,400.00 0%    OHB 4,300.00 -0.15%    OKTA 3,227.04 9.25%    RMDEN15 99.00 0%    RZUS 59.00 9.26%    SBT 2,381.67 8.93%    STB 940.74 2.93%    STIL 81.00 9.46%    TEL 277.40 3.19%    TKVS 4,880.00 -0.12%    TNB 14,403.00 2.96%    TTK 1,210.00 10%    

Преродба на организмот: Еве зошто дневно треба да јадете барем по две круши

Време: 10:33

Датум: февруари 14, 2020

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Овие слатки мали плодови помагаат во борбата против многу болести, а ја чуваат и здравата тежина.

Крушите се сочно и слатко овошје кое е благодет за организмот.

Плодовите на крушите се полни со минерали: калиум, бакар, фосфор, калциум, магнезиум, железо и многу микроелементи. Богати се со витамини, К, А и Ц, како и повеќето витамини од групата Б и Д.

Содржат антиоксиданс-процијанидин, кој помага при вкочанетост во срцевото ткиво и му олеснува на срцето да пумпа крв во целото тело. Исто така, го намалува LDL лошиот холестерол, додека го зголемува HDL добриот холестерол.

Во кората на крушите се наоѓа кверцетин, антиоксиданс кој го намалува воспалението, како и ризикот од срцеви заболувања, како што се висок крвен притисок и холестерол.

Покрај тоа, студијата во која учествувале 20.000 луѓе во текот на десет години дошла до заклучок дека секојдневното консумирање по 25 грама овошје со бело месо (како круши) значително го намалило ризикот од мозочен удар.

Иако е слатко овошје, крушите се поврзани и со помал ризик од дијабетес.

Содржат диетални влакна кои помагаат во забавување на варењето, па телото има повеќе време да го разложи вишокот на шеќер. На тој начин, ќе го намалиме нивото на шеќерот во крвта.

Едно истражување открило дека конзумирање на пет или повеќе оброци неделно овошја богати со антоцијанин, како што се крушите, е поврзано со 23 проценти помал ризик од дијабетес тип 2.

Покрај тоа, истражувањето кое е спроведено на животни открило дека растителните соединенија, како што е антоцијанин кој се наоѓа во излупени круши, има и анти-дијабетес и антиинфламаторни ефекти.

Помагаат и кај слабеење

Хранливите материи во крушите, освен што го чуваат здравјето, помагаат и кај губењето на несаканите килограми. Причината за тоа е дека крушата има малку калории, многу вода и релативно е богата со диетални влакна.

Се покажало дека нискокалорична диета богата со хранливи состојки помага кај слабеењето, додека зголемената хидратација се покажало дека придонесува за здрава тежина. Покрај тоа, влакната во крушите даваат чувство на ситост, и спречуваат прејадување.

Го подобруваат варењето на храната и дебелото црево, а тоа е многу важно за одржување на линијата.

Една студија испитувала 40 возрасни луѓе кои консумирале две круши на ден, а резултатот покажал дека изгубиле 1,1 сантиметар во половината во текот на 12 недели.

Друго истражување открило дека жените кои додале три круши на ден во својата исхрана изгубиле во просек 1,9 килограми, што е повеќе од оние испитаници кои во својата секојдневна исхрана додавале овес.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Руски специјалист го открива својот рецепт: Ова е најдобриот начин да го сочувате имунитетот за време на изолација

    Руски специјалист го открива својот рецепт: Ова е најдобриот начин да го сочувате имунитетот за време на изолација

    Рускиот специјалист за инфективни болести Илја Акинфиев во интервју за телевизијата „Звезда“ објасни дека лековите за поддршка или јакнење на имунитетот се користат само за…

  • Викенд хороскоп 04-05.04.2020

    Викенд хороскоп 04-05.04.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Ќе бидете во бунило, бидејќи толку многу работи ќе се променат, а на вас буквално ниту една нема да ви…

  • Напиток од ѓумбир и куркума: Витаминска бомба која го подобрува имунитетот!

    Напиток од ѓумбир и куркума: Витаминска бомба која го подобрува имунитетот!

    Ви носиме феноменален рецепт за волшебна напивка која во овој период ви е неопходна. Коренот од ѓумбир е богат со важни витамини и минерали, а содржи…

  • Не мора да се видиме за да испиеме кафе заедно

    Не мора да се видиме за да испиеме кафе заедно

    На нас останува да најдеме начин да бидеме блиски и безбедни, без притоа да се откажеме од омилените активности, како што е пиење на омиленото…

  • Дневен хороскоп 03.04.2020

    Дневен хороскоп 03.04.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Денот ќе ви биде обележан со тензични ситуации кои ќе ви предизвикаат голем стрес. Сведете ја нетрпеливоста на минимум за…

  • Дали солариум може да ни помогне во борбата против коронавирусот?

    Дали солариум може да ни помогне во борбата против коронавирусот?

    Постојат многу факти за новиот коронавирус, а еден од нив е дека сонцето, УВ зраците и високите температури можат да го уништат вирусот. Меѓутоа, познато…

  • Кинески доктор открива тајна, маските и миењето на раце не е доволна заштита од вирусот! Една работа мора да ја правите неколку пати дневно

    Кинески доктор открива тајна, маските и миењето на раце не е доволна заштита од вирусот! Една работа мора да ја правите неколку пати дневно

    Ванг Хаинг, фармацевт во болницата во Медицинскиот универзитет во Пекинг, изјави дека носењето маски и миењето на раце не е доволна заштита од коронавирус. Познато…

  • За подобра хидратација: Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесен хидратантен гел

    За подобра хидратација: Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесен хидратантен гел

    Ја хидрира кожата моментно и интензивно во следните 24 часа! Добро хидрираната кожа има здрав и сјаен изглед. Но многу често се случува да имаме…

  • Ако носите наочари, еве како стаклата да не ви се замаглуваат поради маската

    Ако носите наочари, еве како стаклата да не ви се замаглуваат поради маската

    Многумина кои во последниве денови поради вирусот носат медицински маски, се соочуваат со проблем кој само наизглед изгледа нерешлив. Имено, луѓето кои мораат да носат…

  • Лековито какао – Еве зошто чаша дневно од овој пијалок е важна за имунитет!

    Лековито какао – Еве зошто чаша дневно од овој пијалок е важна за имунитет!

    Не станува збор само за вкусен пијалок, туку и лек кој би требало да се зема секој ден. Поради богатството на флавоноиди, какаото поволно влијае на…