23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕдноставен психолошки трик како да се чувствувате попродуктивни

Едноставен психолошки трик како да се чувствувате попродуктивни

Според истражувањето на Fuqua – школа за бизнис и маркетинг од Универзитетот Дјук и школата Wahrton од Универзитетот во Пенсилванија, луѓето често претпоставуваат како мултитаскингот нè прави посреќни од фокусирање на една активност.

„Повторно ни говореа дека постојат различни зачини во животот кои се клуч за постигнување среќа. Сепак, различноста за нас не е секогаш позитивна“, тврди Џордан Еткин, еден од авторите на истражувањето.

Кога сме вклучени во различни задачи во текот на долг временски период, да речеме една недела, тогаш се чувствуваме посреќни. Кога во еден ден менуваме повеќе активности и во краток рок извршуваме повеќе задачи се чувствуваме помалку среќни.

Мамење на мозокот

Во спроведеното истражување, научниците ги поделиле студентите во две групи. Првата група на студенти имале еден час да научат повеќе предмети, додека втората група во ист временски рок морала да учи само еден предмет. Првата група по истражувањето соопштила дека се чувствува помалку продуктивно за разлика од студентите во втората група.

Научниците сметаат дека начинот како се чувствуваме може да биде клучот за среќа. Еткин тврди дека извршувањето на повеќе задачи за еден час може да доведе до оптеретување и стрес, а ако ги завршиме сите задачи, чувствуваме помала продуктивност. Работата на една задача покажува спротивни резултати, смета Еткин.

Едноставно решение е да го поделиме денот во поголеми временски периоди во кои ќе извршиме само една задача. Психолозите тврдат дека повеќето задачи кои сме ги добиле за извршување можеме да ги поставиме во една категорија со што едноставното намалување на различностите на задачите во нашата перцепција ни помага да се чувствуваме подобро и да ја оствариме посакуваната продуктивност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП