25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмладата премиерка објасни: Еве поради што ние сме "американскиот сон"

Најмладата премиерка објасни: Еве поради што ние сме “американскиот сон”

Финската премиерка Сана Марин посочи дека нордиските земји како нејзината би можеле да бидат подобри во остварувањето на „американскиот сон“ од Соединетите Американски Држави.

„Чувствувам дека американскиот сон најдобро може да се оствари во нордиските земји, каде секое дете, без оглед на потеклото или потеклото на своето семејство може да стане било што“, изјави таа.

“Американскиот сон” се однесува на идејата која потекнува од САД дека секој може да постигне просперитет и успех.

Марин ја припишува „успешната приказна на нордискиот модел“ на квалитетот на образованието, здравството и социјалните системи во тие земји, кои овозможуваат „било кој да стане било што“.

Најмладата премиерка додаде дека тоа е веројатно една од причините што Финска се рангирала како една од најсреќните земји во светот.

Финска втора година по ред, во 2019 година, го зазеде првото место на списокот на Светскиот извештај за среќа. Следни се Данска, Норвешка и Исланд, а Шведска исто така е на врвот на листата.

Новиот индекс кој во јануари го објави Светскиот економски форум откри дека нордиските земји понудиле највисоки нивоа на социјална мобилност, а Финска е на трето место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП