17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг достигна 5.54 милијарди евра или 48,9 % од БДП –...

Јавниот долг достигна 5.54 милијарди евра или 48,9 % од БДП – за наплата стигнуваат 833 милиони евра

Јавниот долг во земајава расте со галопирачко темпо. Минатата година ја завршивме со јавен долг од 5,54 милијарди евра или земјава е задолжена за речиси половина или 48,9 проценти од БДП кој го создава. Во однос на 2018 година пак лани јавниот долг пораснал за речиси 340 милиони евра – во 2018 година изнесувал 5,2 милијарди евра или 48,6 проценти од БДП- покажуваат податоците на Министерството за финансии.

Но гледано подолгорочно наназад – за десет години долгот на земјава пораснал за над три пати. Така во 2009 година тој изнесувал 1,77 милијарди евра или 26,2 проценти од БДП. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека лани 3,7 милијарди евра бил надворешниот јавен долг, додека внатрешниот лани изнесувал 1,83 милијарди евра. Ако се спореди со 2009 година и надворешниот и внатрешниот јавен долг пораснале за три пати. Така надворешниот долг во 2009 година изнесувал 1,28 милијарди евра, а внатрешниот 492 милиони евра.

Според фискалната стратегија пак за периодот 2020-2022 година земјава ја очекува зголемување на јавниот долг и надминување на психолошката граница од 50 проценти од БДП. За годинава е проектирано тој да се зголеми на 50,4 проценти од БДП, па 50,9 проценти во 2021 година , за во 2022 година да се намали пак на 50,4 проценти. Но според Министерството за финансии тоа нема да ја загрози одржливоста на фискалната политика.

„Во услови на умерено зголемување на гарантираниот долг до 2021 година заради имплементација на проектите главно во патната инфраструктура со заеми гарантирани од државата и негово намалување во 2022 година, се очекува умерено зголемување на вкупниот јавен долг на 50,4% од БДП во 2020 и 50,9% од БДП во 2021 година, и потоа намалување на 50,4% од БДП во 2022 година. Ова е значително под утврдениот лимит за среднорочно и долгорочно ниво на јавниот долг, односно јавниот долг во наредниот период нема да ја загрози оддржливоста на фискалната политика. Дополнително, проектираната патека е во согласност со таргетот на фискалната политика на владата за стабилизација и потоа намалување на јавниот долг на среден рок“, стои во ревидираната фискална стратегија 2020-2022 година.

Статистиката покажува дека земјава годинава и наредната година ја очекуваат „тешки“ отплати на стари долгови. Или земјава ќе треба да отплати 833 милиони евра стари заеми.

„Имајќи ги предвид проекциите за профилот на отплата во следните години може да се забележи дека обврските за отплата на надворешниот и на внатрешниот државен долг се зголемуваат.

До 2021 година, а потоа во 2022 година не се проектирани поголеми отплати. Особен предизвик за ефикасно управување со ризикот од рефинансирање се очекува во 2020 и 2021 година, кога редовно ќе достасаат еврообврзниците издадени во 2014 и 2015 година (на вкупен износ од 678 милиони евра), како и втората рата по основ на заемот обезбеден со гаранција заснована на политики од Светска банка (PBG – Policy based guarantee) во износ од 155 милиони евра“, стои во фискалната стратегија 2020-2022 година.

Од Министерството потенцираат дека ќе ја разгледува можноста и условите за реструктурирање на долгот, преку нови задолжувања со пониски каматни страпки.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП