19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИТридневна детокс диета

Тридневна детокс диета

Станува збор за прилично строга диета, заснована на зеленчук со растителни влакна и млечни производи со малку масти.

Ќе изгубите тежина, а во исто време ќе добиете прекрасен, сјајен тен. Во оваа експресна диета, јадете исти оброци секој ден, така да веднаш можете да подготвите поголеми порции.

Детокс диета – оброци за секој ден:

Доручек:

Измешајте 1 чаша обезмастен природен јогурт со порција суво овошје и 2 лажици овес или ‘ржани снегулки. Порција овошје: 4 суви кајсии, 5 суви сливи или 2 лажици сушена брусница.

Ужина:

Зеленчукот исечете го во стапчиња: целер, зелена краставица, моркови, жолти и црвени пиперки. Сервирајте го целиот коктел заедно со домати и ротквици. Зеленчукот може да се грицка во текот на денот во која било количина.

Ручек:

Ситно исецкајте ги сите состојки: 4 средни тиквички, 3 стебленца од целер, 1 чаша зелен грав, 1 голем куп свеж магдонос, 1 конзерва домати и 3 чешниња лук. Додадете 2 лажици морска сол, 2 лажици сушена мајчина душица, рузмарин, оригано. Истурете 4 чаши вода и варете. Порцијата е доволна за 3 дена исхрана.

Вечера:

Измешајте обезмастено сирење со порција свежо или замрзнато овошје и 2 лажици овесна каша. Порцијата овошје е: 1 шоља малина, 1 шоља боровинки, 1 јаболко, 1 круша, 1 портокал, 2 праски, 2 киви или 2 нектарини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП