23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Зголемувањето на минималецот може да доведе до отпуштања на работници

ММФ: Зголемувањето на минималецот може да доведе до отпуштања на работници

Наместо подобар животен стандард за работниците, растот на минималната плата може да доведе до отпуштања на работници, пораст од ризикот од сиромаштија, намалување на конкурентноста на компаниите затоа што растот на минималецот не е следен со растот на продуктивноста. Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај за земјава со критики и предупредувања од ризиците и непосакуваните ефекти од одлуките на владата.

„Нето-минималната плата кумулативно е зголемена за 44 отсто во изминативе две години, а во економската програма на Владата се предвидува таа да достигне 16.000 денари до крајот на 2020 година, што би довело до пораст од уште 10 отсто. Во услови кога порастот на минималната плата значително го надминува порастот на продуктивноста, дополнителни зголемувања може да и наштетат на конкуретноста“, пишува во извештајот.

Во него, се потенцира дека иако зголемувањето на минималната плата може да ја намали сиромаштијата кај работниците со ниски примања, тоа нема да влијае врз намалување на вкупната сиромаштија во земјата.

„Зголемувањето на минималната плата не е мерка која е добро проектирана. Во 2018 година стапката на ризик од сиромаштија кај вкупното население беше 22 отсто, а кај работниците 9 отсто. Натамошно зголемување на минималната плата може да доведе до отпуштања и следствено до пораст на ризикот од сиромаштија“, велат од ММФ.

Оттаму укажуваат дека тоа може да ја поттикне сивата економија.

„Ако минималните плати се превисоки во однос на продуктивноста, тоа може да ги одврати работодавачите од креирање формални работни места“, пишува во извештајот.

Монетарците ја предупредуваат владата да не заборави на реформите, да ги стегне јавните финансии, да се стегне контролата на корупцијата и да се подобри јавната администрација.

Велат, пониските даноци и повисоките пензии и плати ќе ја зголемат потрошувачката на населението, но растот на минималната плата не бил проследен со поголема продуктивност и немало да резултира со намалување на сиромаштијата. ММФ предупредува дека државата мора да ја подобри наплатата на даноците, да ги реализира капиталните инвестиции и да ги скрати земјоделските субвенции.

Консолидацијата ќе бара стабилно спроведување на веќе одобрените реформи кај пензиите и персоналниот данок на доход, како и засилена администрација на приходите и рационализација на земјоделските субвенции. Овие мерки ќе направат простор во буџетот за зголемување на основните капитални расходи и за намалување на инвестицискиот јаз. Ова треба да биде поткрепено и со зајакнато управување со јавните инвестиции“, пишува во извештајот.

Монераците нагласуваат дека кредитниот раст е солиден, а нефункционалните заеми остануваат релативно ниски. Монетарната политика е соодветна, а банкаскито систем стабилен.

Тие за годинава ни прогнозираат раст на БДП од 3,4 отсто, за разлика од Владата која проектираше раст на домашната еконија за годинава од 3,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП