26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола: Веќе не сме заинтересирани за Ливерпул

Гвардиола: Веќе не сме заинтересирани за Ливерпул

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, целосно го отпиша тимот од битката за титулата во Англија.

„Граѓаните“ заостануваат 14 бода зад лидерот Ливерпул, кои се со меч помалку.

– Тоа што сме толку далеку значи дека не нè интересира што прават Ливерпул. Подобро е да се концентрираме на тоа како можеме да ги подобриме нашите резултати во лигата и на други натпреварувања, рече шпанскиот стручњак.

Тој коментираше и за неговата иднина. Веќе некое време, неговото име е поврзувано со заминување од „Етихад“ по крајот на сезоната, но Гвардиола негираше слични намери.

– Ако не бидам отпуштен, јас останувам на 100%. Не затоа што ги победивме нашите последни два натпревари, туку затоа што се подобривме во последните месеци. Дури и кога има лоши периоди и нема да бидеме во Лигата на шампионите, јас нема да заминам. Како менаџер, имате добри и лоши периоди. Не можете секогаш да победувате. Но, сè е до тоа што правиш на следниот натпревар и како можеш да се подобриш, додаде Гвардиола.

Денеска од 16 часот Сити е домаќин на Кристал Палас во 23-то коло од Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП