20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонците одлучија: Спиење на работа задолжително!

Јапонците одлучија: Спиење на работа задолжително!

Јапонските работодавци одлучија спиењето на работното место да стане дел од работните одговорности на секој вработен.

Тоа не се мисли дека вработените ќе добијат неколку минути да ги затворат очите пред својот компјутер, туку на располагање ќе добијат просторија за спиење.

Го одлучија тоа откако новата студија открила поспаност кај вработените, која потоа влијаела на ефикасноста во работењето, а јапонските компании годишно ги чини дури 138 милијарди долари.

Затоа предлогот на работодавците и јапонското Министерство за здравство е да добијат вработените најмалку половина час да спијат во раните попладневни часови.

Nextbeat, јапонска информатичка компанија, веднаш го прифати овој тренд па за своите вработени веднаш воспостави две, како што велат, „стратешки спални“.

Собите се опремени со уреди за блокирање на бучава, кревети и софи, а строго забранети се мобилни, таблети и лаптопи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП