15 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШорцеви и вреќа за спиење ги полнат телефоните

Шорцеви и вреќа за спиење ги полнат телефоните

sorc

Шорцевите кои ги направи компанијата „Vodafon“ ја собираат енергијата која при движењето ја произведува личноста која ги носи, додека вреќата за спиење ја претвора топлината на телото во електрична енергија.

Британскиот „Vodafon“ со помош на Универзитетот Саутемптон направи и дизајнираше специјални шорцеви и вреќа за спиење кои ќе ви овозможат никогаш да не ја потрошите батеријата на вашиот мобилен телефон. Иновативните производи особено ќе ви користат за време на излет во природа.

vreca-za-spavanje

Шорцевите ја собираат енергијата која при движењето ја произведува личноста која ги носи. Материјалите кои се користени за изработка на овие шорцеви ја користат кинетичка енергија која ја произведува личноста која ги носи. Таа енергија се собира, а во мобилниот телефон се пренесува по пат на кабел кој се вметнува во специјалниот приклучок кој се наоѓа во задниот џеб.

Специјалната вреќа за спиење произведува енергија така што овозможува човечката топлина да се претвори во електрична енергија. Системот користи температурни разлики меѓу надворешната и температурата на телото, што овозможува создавање на топлина која се претвора во струја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП