19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ прв фудбалер што постигнал гол во последните четири децении

Ибрахимовиќ прв фудбалер што постигнал гол во последните четири децении

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој во саботата постигна гол по враќањето во италијанскиот тим во натпреварот од 19. коло од Серија А против Каљари (2:0), е првиот фудбалер кој се запишал во листата на стрелците во последните четири децении.

Швеѓанецот во периодот 1990-1999 (еден гол). од 2000 до 2009 година беше стрелец на 169 голови. Од 2010 до 2019 година 304 пати ги тресел противничките мрежи. И оваа деценија (2020-2029) ја започна со погодок на дуелот со Каљари.

Ибрахимовиќ има два натпревара за Милан оваа сезона и еден гол. Тој потпиша договор со италијанскиот клуб на 2 јануари 2020 година.

Триесет и осумгодишниот играч претходно настапуваше за Малме, Јувентус, Ајакс, Интер, Барселона, ПСG, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес галакси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП