25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрадови домаќини на ракометното ЕП 2020

Градови домаќини на ракометното ЕП 2020

Европскиот ракометен шампионат, прв во историјата со 24 учесници, од денес до 26 јануари ќе се игра во три држави, Шведска, Австрија и Норвешка.

Шведски градови во кои ќе се играат натпревари од ЕП се:
Малме со „Малме арена“ , капацитет 13.000 гледачи, натпреварите од Е-групата.
Гетеборг во салата „Скандинавиум“ со капацитет 12.000 гледачи, натпреварите од Ф-групата.
Стокхолм со „Теле 2 арената“ со капацитет 22.000 гледачи, натпреварите од финалниот викенд.

Во Австрија градови домаќини се:
Виена со „Винер стадхале“ со капацитет 10.000 гледачи, натпреварите од Б-групата.
Грац со „Стадхале Грац“ со капацитет 6.000 гледачи, натпреварите од А-групата.

Од Норвешка град домаќин е:
Трондхајм со салата „Њу нидарохелен“ – капацитет 8.000 гледачи, натпреварите од Ц и Д групите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП