28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот соларен семеен автомобил во светот

Првиот соларен семеен автомобил во светот

stela 1

Холандскиот Солар тим од Технолошкиот универзитет во Ајндховен го претстави првиот соларен семеен автомобил во светот наречен Стела.

Возилата на соларен погон кои досега сме имале можност да ги видиме беа направени само за една личност, што не беше многу практично. Но сега ваквиот автомобил за целото семејство претставува светла иднина во светот на автомобилите.

Ефикасни соларни панели во комбинација со лесна конструкција возможуваат во Стела да се вметнат задни седишта и багажник. Покрај тоа автономијата на овој автомобил е околу 600 километри.

Необичниот дизајн нема да биде конкуренција на најмодерните супрелуксузни автомобили, но ова соларно возило е дизајнирано за трката на соларни автомобили која се одржува во октомври оваа година во Австралија.

Солар тим планира и комерцијално производство на овој автомобил, па така се надеваме дека Стела ќе може да ја видиме и на улиците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП