26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе донесе Законот за легализација: Крај за дивоградбите или масовна легализација...

Што ќе донесе Законот за легализација: Крај за дивоградбите или масовна легализација на се што „никнало“ последните 8 години?!

Дивоградбите или ќе се легализираат или ќе се рушат, трето решение нема – вака пластично министерот за транспорт и врски Горан Сугарески обасни пред новинарите како планира да се справи со над стотината илјади нелегални објекти во земјава.

Законот за легализација на бесправно изградените објекти влезе во Собрание, ќе се носи по скратена постапка, откако претходно помина на Влада. Се дава нов рок за легализација и на оние дивоградби кои не ги фати претходниот закон -тие изградени од 2011 година до октомври 2019 година. Министерот нема точни бројки колку дивоградби никнале во овој период. 

Нема легализација за дивоизградени згради, доградби и тераси, но и за тие во заштитеното подрачје на Охридскиот регион.

Нема да можат да се легализираат дивоизградените згради, надградбите на зградите, проширените тераси како и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиотрегион. Но се друго ќе може- дури и дивите платформи на Матка, но доколку ги добијат сите дозволи од институциите. Истото ќе важи и за дивоградбите во заштитените подрачја, кои изминатиов период никнуваа како печурки.

„Во рамките на охридскиот регион ќе можат да се легализираат само оние објекти кои преставуваат функционална целина до 1о ктомври 2019 година и кои според студиите за оцена на влијание на животната средина и студиите за оцена на влијание врз културното наследство не ги загрозуваат универзалните вредности согласно УНЕСКО. За бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја, на пример заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита национални паркови итн. се предвидува да се добие согласност за легализирање од органите надлежни за управување со овие подрачја. Легализацијата на објектите кои не се вклопуваат во урбанистичките планови ќе се врши со одлука на Советите на општините. Советите треба да одлучат дали дивоградбите ќе може да се вклопат во урбанистичките планови. Ако одлуката е негативна објектите нема да можат да се легализираат и ќе треба да се рушат  “– изјави Сугарески. 

Рок од шест месеци

Сопствениците на дивоградбите имаат рок од шест месеци да поднесат барање за легализација со потребните документи, а општините и институциите имаат шест месеци  да одговорат дали објектот може да се легализира. Наместо 1 евро како претходно, сега за легализација на дивоградба ќе се плаќаат комуналиите плус казна од 50 проценти од износот за комуналии. Електронските комуникациски мрежи и средства ќе се легализираат по 10 евра за квадратен метар. Министерот нема точни бројки колку нови дивоградби се изградени од 2011 до октомври 2019 година. По стариот закон се легализирани околу 240.000 дивоградби, а околу 100.000 се во процедура. Оние кои не доставиле документи на време или биле одбиени, сегапак може да барат легализација, но не по 1 евро, туку по новите правила. Ослободени од плаќање ќе бидат само социјалците. Сугареские категоричен дека дивоградбите или ќе се легализираат или ќе се рушат. 

„Точна бројка немам затоа не шпекулираме со податоци. Станува збор за поголем број на предмети и намалено е последните две-три години. Не можеме да предвидиме колку од овие постоечкиве што не доставиле пример геодетски елаборат итн. во документаицјата ќе аплицираат како барање до општините бидејќи имаат и тие право. Пример, не го фатиле рокот до 31.12.2018 година, фалел елаборат, било кој документ не бил доставен и практично тука барањето ќе биде одбиено секако, е сега со ова им се дава можност во првите шест месеци да достават како ново барање“- рече Сугарески.

 Или легализација или рушење 

 Сугарески ги повика општините да не дозволат градење на нови дивоградби.

„Ги повикувам општините да ги комплетираат инспекциските служби и да го спроведуваат законот за градење за да нема нелегално градење во иднина Овој закон предвидува и затворски казни за да се демотивираат граѓаните да градат нелегално, а и висната што треба да се плати за легализација на дивоградба е демотивирачка, бидејќи за легално градење се плаќаат само комуналии. Останува решавањето на статусот на два начини, или легализација или рушење, трето нема.“ – рече Сугарески.

Ќе можат да се легализираат и гаражи, остави, базени, времени објекти во земјоделието какои нелегалните објекти на државните институции. Сугарески, очекува со овој закон да се стави крај на незаконското градење. Според Сугарески, легализацијатреба да заврши за максимум 5 години.

Ексертите со критики за новиот рок за легализација

Новиот предлог за нов рок за легализација на дивоградбите наиде на жестока критика кај голем дел од експертската јавност и правниците. Покрај оценките дека е политички мотивиран закон кој го легализира градежното дивеење на урбаната мафија, за дел од правниците ваквиот предлог е противуставен оти е во насока на декриминализација на кривичното дело бесправно градење. Градежните експерти пак апелираа доколку се донесе ваков закон сепак да не се дозволи во него да влезат и објекти кои немаат барем план за градба. Стравуваа дека со легализациите на дивоградбите голем дел од објектите во земјава се без лична карта, односно за нив немаме ниту основни податоци за градбата, статика и слично. 

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП