26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола: Не можевме да ги сопреме брзите Џејмс, Рашфорд и Марсијал

Гвардиола: Не можевме да ги сопреме брзите Џејмс, Рашфорд и Марсијал

Пеп Гвардиола признава дека англискиот шампион Манчестер сити не успеал да се снајде со брзината на напаѓачите на Манчестер Јунајтед во болниот пораз 1:2 во градското дерби.

Јунајтед постојано ја покажуваа „мааната“ во тактиката на Сити со контранапади, по што стигнаа до 2:0 водство во првите 30 минути игра. Маркус Рашфорд постигна гол од пенал, а Антони Марсијал доби одлична топка од Даниел Џејмс, и Гвардиола признава дека тие биле незапирливи.

„Мене ми се допаѓаше како играше мојот тим, иако дозволувавме малку повеќе простор тие да играат. Знаев дека се брзи со Џејмс, Марсијал и Рашфорд, но тие понекогаш се невозможни да се контролираат. За жал, не можевме да го одиграме мечот како што треба, но ми се допаѓа играта на мојот тим. Можеби никој не се согласува со тоа, но мене ми се допаѓа“, вели Гвардиола.

Сити, кои се на третото место во Премиер лигата сега заостануваат 14 поени од Ливерпул и гостуваат на Арсенал во следниот меч. Со овој пораз, Сити имаат најмалку поени по 16 натпревари откако пристигна Гвардиола, но тој не е изненаден.

„Се случува. Понекогаш не победувате, а другите се подобри од тебе. Нормално е да не победуваш постојано. Најважно е да не се предадеме. Можеби следната сезона ќе бидеме подобри“, изјави Гвардиола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП