Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,096.21 0.01%    GRNT 1,234.43 0.05%    KMB 7,400.11 -0.02%    MPT 78,121.84 -0.92%    OHB 5,200.00 0%    RZTK 690.00 -1.43%    STB 1,210.00 -0.02%    STBP 657.00 0.15%    TEL 321.00 -1.03%    TNB 17,800.00 -0.14%    TTK 1,656.29 -2.57%    USJE 24,215.00 0%    

Исфрлете ги овие производи од вашиот фрижидер

Време: 14:19

Датум: декември 5, 2019

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Некои намирници кои не се здрави подобро е воопшто да ги немаме во фрижидер, за воопшто да не не стрват и да не паѓаме во искушение. Доколку здравата исхрана и живот ви значат, би требало да ги исфрлите следниве работи.

Нутриционистката Илејн Маги состави листа на најнездрави намирници кои е подобро воопшто да не ги имате во фрижидер

МАЈОНЕЗ

Доколку го јадете често, тогаш јасно ви е зошто маснотиите се таложат на вашите крвни садови, а килограмите ви се лепат. Доколку сте голем љубител на мајонезот, во еден оброк може да внесете околу 360 калории и 40 грама маснотии. Наместо мајонез, подобро е да одберете помалку мрсни сосови и намази, како сенф, рен или намаз од сирење.

ПРЕРАБОТКИ ОД МЕСО

Саламите, сувомеснатите колбаси, виршлите и паштетите обично се прават од месо со најнизок квалитет, а им се додаваат конзерванси, адитиви и маснотии. Освен тоа содржат и голема количина на сол поради што го зголемуваат ризикот од оштетување на бубрезите и високиот крвен притисок, а не се препорачуваат за јадење повеќе од еднаш неделно. Бројни студии покажаа дека преголемото внесување преработено месо придонесува за зачестена појава на рак на дебелото црево, еден од најраспространетите карциноми.

ПОЛНОМАСНИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Намирниците како полномасно млеко, павлака и путер имаат многу добри состојки како протеини, калциум, витамин Б, но проблемот е во тоа што содржат и многу масти, па доколку секојдневно ги внесуваме постои ризик од зголемено ниво на холестерол. На пример, доколку пиеме пола литар полномасно млеко секој ден, за една недела внесуваме преку 2.000 калории, 105 грама маснотии, од кои 60 грама заситени масти и 35 милиграми холестерол. Поради ова, секогаш е подобро да се одберат млечни производи кои содржат здрави состојки, но и помалку масти.

КРЕМАСТИ ПРЕЛИВИ ЗА САЛАТИ

Сосовите за салата се одличен додаток кои ги претвораат во вкусно главното јадење, но вообичаеното сервирање содржи околу 120 калории, 12 грама масти и 380 милиграми сол. Поради ова, најдобро е да се избегнуваат, а да употребувате традиционални зачини, вински или јаболков оцет или лимонов сок.

МАРГАРИН И НЕГОВИТЕ ДЕРИВАТИ

Маргаринот содржи голема количина масни киселини бидејќи се создава како емулзија од растително масло и вода, а докажано е дека неговото редовно користење во исхраната го зголемува ризикот од болести на срцето и крвните садови. Маргаринот го зголемува и нивото на холестеролот, а делува лошо и на имунитетот. Тврдиот маргарин содржи помеѓу 19 и 38 проценти трансмасни киселини, а само во една лажичка се наоѓаат околу 100 калории и 11 грама масти.

СМРЗНАТ ПОМФРИТ

Оваа верзија на компирот посебно им е драга на најмладите, а луѓето (посебно рестораните) често го купуваат бидејќи им ги олеснува работите во кујната. Сепак, содржи смрзнат компир кој воопшто не е добар за здравјето, бидејќи содржи големи количини сол и конзерванси. Мала порција од 85 грама компир содржи околу 11 грама масти, околу 3 грама заситени масни киселини, 390 до 540 милиграма натриум и околу 190 калории. Се препорачува да јадете печен компир или најдобро печен во лушпа, советуваат нутриционистите.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Поопасно е од шеќер и масти: Многумина го користат ова масло, а не се свесни колку го уништува здравјето

    Поопасно е од шеќер и масти: Многумина го користат ова масло, а не се свесни колку го уништува здравјето

    Иако точната состојка која ги предизвикува овие промени сè уште не е откриена, научниците препорачуваат да се намали неговата количина во исхраната. Маслото од соја…

  • Како бучавата влијае на здравјето на срцето?

    Како бучавата влијае на здравјето на срцето?

    Претходните истражувања веќе предупредуваа на штетноста на бучавата и гласната музика на слухот, а сега француските научници се запрашале како секојдневното, бучно урбано опкружување влијае…

  • Дневен хороскоп 24.01.2020

    Дневен хороскоп 24.01.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Некој се обидува да ви наметне невистинити муабети. Ќе го сфатите тоа, само ќе ви биде потребно малку повеќе време.…

  • Зошто се лутиме кога сме гладни

    Зошто се лутиме кога сме гладни

    Не е невообичаено дури и најмирните лица да се лути кога се гладни. Како што одминува времето од последниот оброк, количината на хранливи материи почнува…

  • Решение за актуелниот проблем: Започнете да го земате овој витамин и спасете ги белите дробови од загаден воздух

    Решение за актуелниот проблем: Започнете да го земате овој витамин и спасете ги белите дробови од загаден воздух

    Според податоците на Светската здравствена организација, повеќе од 90 проценти од светската популација живее во области каде загадувањето на воздухот ги надминува границите. Научниците долго…

  • Постојано користите спреј за нос? Дури не ни сонувате во каква опасност сте!

    Постојано користите спреј за нос? Дури не ни сонувате во каква опасност сте!

    Спрејовите за нос не се опојни како алкохолот и дрогата, но можат да предизвикаат зависност, предупредуваат експертите! Спрејовите за нос ги стеснуваат крвните садови во носот…

  • Како да си помогнете при болки во нозете и вкочанетост!

    Како да си помогнете при болки во нозете и вкочанетост!

    Постојат огромен број на задоволства и активности кои се добри за нашето здравје – како на пример планинарење, прошетки во парк, до разни други активности…

  • Ве мачат грчеви во нозете во текот на ноќта? Еве што тоа може да значи

    Ве мачат грчеви во нозете во текот на ноќта? Еве што тоа може да значи

    Кога среде ноќ ќе ве разбуди грч на нозете, веројатно се прашувате што се случува. Колку и да трае грчот, не е пријатен и сакате…

  • Како да ја заштитиме кожата во деновите кога загаденоста на воздухот е превисока

    Како да ја заштитиме кожата во деновите кога загаденоста на воздухот е превисока

    Според светската здравствена организација (СЗО) 22% од луѓето ширум светот живеат во градови кои не ги исполнуваат стандардите за квалитет на воздухот на СЗО. Човечките…

  • Заборавете на испуканата кожа:  Еве како рацете да ви бидат меки и во текот на зимата

    Заборавете на испуканата кожа: Еве како рацете да ви бидат меки и во текот на зимата

    Рацете во зимските денови се најмногу изложени на мраз и ветер, па кожата повеќе од вообичаено се суши, пука, понекогаш и крвари. Еве како најдобро…