23 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕКои пробиотици можат најдобро да ви помогнат во текот на зимата?

Кои пробиотици можат најдобро да ви помогнат во текот на зимата?

Благодарение на микроорганизмите кои ги содржат, пробиотиците се многу важни за чување на здравјето. Го зајакнуваат имунитетот, позитивно делуваат на варењето, а важни се и за убавината затоа што со нив вашата кожа и коса ќе заблескаат. Обидете се да консумирате барем еден пробиотик дневно, а ние ви откриваме неколку кои се најдобри за вас.

Јогурт

Нискокалоричен јогурт без конзерванси и адитиви е одличен избор. Јогуртот содржи бактерии кои му помагаат на организмот да функционира добро, да ја регулира цревната флора и да поттикнува варење.

Кефир

Богат е со витамини и пробиотици. Вкусен е и е одличен извор на здравје, па затоа дефинитивно би требало да го вклучите во исхраната.

Темно чоколадо

Чоколадото содржи пробиотици, антиоксиданти и го стимулира дигестивниот систем. Освен тоа, докажано е дека нè прави посреќни. Ви треба уште некоја причина да уживате во дневна доза на чоколадо?

Маслинки

Овој пробиотик е сигурно еден од највкусните. Има бројни придобивки за организмот, а можете да го јадете на безброј начини.

Кисели краставички

Овој пробиотик одлично оди со скоро секое јадење. Бидејќи се добри за здравјето и варењето, дефинитивно треба да ги јадете што е можно почесто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП