2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолема закана: Климатските промени би можеле да го намалат глобалниот раст

Голема закана: Климатските промени би можеле да го намалат глобалниот раст


Климатските промени би можеле да го намалат глобалниот економски раст за три проценти во наредните 30 години, покажа истражувањето на Economist Intelligence.

Климатските промени најверојатно најтешко ќе ги погодат Африка, Јужна Америка и Блискиот Исток бидејќи тие региони имаат повисоки просечни температури и помали економии, што ги прави поранливи на влијанието од климатските промени, се вели во извештајот.

Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека глобалниот раст оваа година ќе достигне 3,0 проценти, што е најниско ниво од светската финансиска криза. Соединетите држави, најголемата светска економија, исто така нема да го избегнат влијанието на климатските промени.

САД би можеле да забележат пад на стапката на економски раст за повеќе од 1,0 проценти во наредните три децении како резултат на глобалното затоплување. Американското Национално биро за економски истражувања во август објави дека растот по глава на жител во САД би можел да се намали за 10,5 проценти во текот на следните 81 години, како резултат на очекуваниот пораст на температурата на воздухот ширум светот, забележува CNBC.

„Во сценариото на EIU за климатските промени се предвидува дека американската економија до 2050 година ќе биде помала за 1,1 процент отколку што би било без климатските промени“, се вели во извештајот.

„Неодамнешните настани во Соединетите држави покажаа дека дури и во поголемите развиени економии има сериозни слабости“, посочува EIU во студијата, укажувајќи во овој контекст на поголема фреквенција и интензитет на пожарите во Калифорнија.

Минатата година, во еден извештај на американската влада се наведува дека климатските промени ќе ја чинат економијата на САД милијарди долари. Тој истиот извештај беше одбиен од Белата куќа, пренесува Reuters.

Светските лидери на почетокот на декември ќе се состанат во Мадрид на конференција на Обединетите нации за климатски промени, на која ќе разговараат за тоа како растот на просечната глобална температурата да се намали на 1,5 Целзиусови степени, што е главна цел на Договорот за климата во Париз постигнат во 2015 година. Соединетите држави, меѓутоа, на почетокот од овој месец започнаа официјален процес на повлекување од Парискиот договор, тврдејќи дека тој им наметнува нееднаков економски товар на земјите, потсетува CNBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП