Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,296.14 -0.04%    GRNT 1,028.08 -2.09%    KMB 6,291.48 -0.03%    MPT 76,437.50 -0.04%    MTUR 5,400.00 0%    OKTA 4,600.00 0%    RMDEN18 98.70 0%    SBT 2,503.33 -1.85%    SPAZP 8,440.00 2.79%    STB 1,178.90 -0.09%    TKVS 5,665.00 0.27%    TNB 16,580.00 -0.12%    TTK 1,520.00 0.66%    UNI 2,360.00 0.09%    ZPKO 1,470.00 0%    

“Digital for Entrepreneurship” – конференција за претприемништво, развој и иновации

Време: 13:35

Датум: ноември 15, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Со преку 35.000 настани во повеќе од 170 земји, Европа и оваа година ја одбележува European SME Week, иницијатива која во С. Македонија се организира 11та година по ред.

Под наслов “Digital for Entrepreneurship“ во среда, 20.11.2019, 10.00 часот, во City Hall – Скопје, ќе се одржи серија на панели во рамките на „European Day of the Entrepreneur“, а во организација на European Business Association, Град Скопје и Piksel, поддржана од EOS Matrix и Тиквеш, на која ќе се зборува на неколку актуелни теми, со цел олеснување на мисијата и предизвикот со кој претприемачите се соочуваат во денешно време, како и можностите и предизвиците кои што дигитализацијата им ги нуди на малите и средни претпријатија.

На конференцијата, чија целосна агенда можете да ја погледнете на следниот линк, меѓу другото ќе се зборува и за тоа како до брз раст со помош на дигиталниот маркетинг, за електронската трговија како можност за македонските компании за излез на светскиот пазар и за тоа како да успеете да ја финансирате својата претприемачка и иновативна идеја.

Присутните на оваа конференција на трите различни панели ќе имаат можност да слушнат повеќе од претставници на Фондот за иновации и технолошки развој, Insider ID, Таргет Груп, Масит, Стартап Македонија, Piksel, Creative Hub, Image PR, P3 Инфомедиа, Paket.mk, Signori, DHL Express, Асоцијација за е-трговија на Македонија и Шпаркасе банка.

Инаку, „European Day of the Entrepreneur“ се одржува по 14-ти пат во рамките на Европска недела на мали и средни претпријатија, серијал од настани кој има за цел промовирање на претприемништвото, креативноста и иновативноста, како и информирање на претприемачите за поддршката што им се нуди преку разни форми за нивен развој достапни во националните, локалните програми и програмите на ЕУ.

Присуството на оваа конференција е бесплатно, а за регистрација на вашето место на овој навистина уникатен настан доволно е да се регистрирате и потврдите своето присуство на следниот линк. Бројот на места е ограничен.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Скапоцениот метал стана поскап отколку што некогаш било златото

    Скапоцениот метал стана поскап отколку што некогаш било златото

    Цената на паладиумот се зголеми 15-ти ден по ред. Сега овој метал е поскап отколку што некогаш било златото. Цената на паладиумот достигна рекорд од…

  • “Плата 3.000 евра, само вратете се”: Нова мерка за Грците кои побегнаа во странство

    “Плата 3.000 евра, само вратете се”: Нова мерка за Грците кои побегнаа во странство

    Грците започнаа пилот проект, кој ќе се обиде да ги спречи и да ги поништи ефектите од „одливот на мозоци“, пренесува Times. Според податоците на…

  • Девизниот прилив од туризмот во првите три квартали е 308,05 милиони долари

    Девизниот прилив од туризмот во првите три квартали е 308,05 милиони долари

    Третиот квартал годинава резултираше со девизен прилив од туризам поголем за 4,77 проценти за разлика од истиот период минатата година. Вкупниот девизен прилив за првите…

  • Гана откри огромно нафтено поле во Атлантикот

    Гана откри огромно нафтено поле во Атлантикот

    Компанијата Springfield од Гана, откри нафтено поле во Атлантскиот океан крај брегот на таа западноафриканска држава, чиј капацитет се проценува на 1,5 милијарди барели и…

  • Прогласен крај на епидемијата на мали сипаници

    Прогласен крај на епидемијата на мали сипаници

    Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни болести констатирала дека се исполнети епидемиолошките услови за прогласување крај на епидемијата на мали сипаници на територијата…

  • Најмногу подароци во плико: Австријците ќе потрошат по 434 евра за божиќни подароци

    Најмногу подароци во плико: Австријците ќе потрошат по 434 евра за божиќни подароци

    Австријците оваа година ќе потрошат во просек 34 евра повеќе од 2018 година за купување божиќни подароци, според истражувањето на институтот GfK2. Според тоа истражување,…

  • Најпребарувани работи на „Google“ за 2019 – во фокусот хероите од фантазијата и реалниот живот(видео)

    Најпребарувани работи на „Google“ за 2019 – во фокусот хероите од фантазијата и реалниот живот(видео)

    Низ целата историја, луѓето се во потрага по херои. Годинава потрагата по херои, суперхерои и херои од секојдневието се случуваше низ целиот свет“, порачаа од…

  • Што јаде Македонецот? Многу леб, малку месо!

    Што јаде Македонецот? Многу леб, малку месо!

    Се повеќе житарки и тестенини, а се помалку риба и месо. На просечната трпеза во Македонија преовладуваат производите кои се најевтини. Официјалните податоци на Државниот…

  • Џеф Безос е “бизнисмен на деценијата”

    Џеф Безос е “бизнисмен на деценијата”

    Џеф Безос, основачот на Amazon, веројатно e најдобриот бизнисмен во светот во последната деценија, сметаат анкетираните раководители на надзорните одбори на најсилните компании. Речиси една…

  • Никој не верува дека се близнаци – едното дете е бело, а другото црно(видео)

    Никој не верува дека се близнаци – едното дете е бело, а другото црно(видео)

    Иако едното дете е бело, а другото црно, тие се близнаци. Даниел и Дејвид се родени само со една минута разлика. „Даниел се роди прво,…