18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на БДП од 3,5 проценти за годинава и 3,8 за в...

Растот на БДП од 3,5 проценти за годинава и 3,8 за в година – реален или преоптимистички?!

Раст на Бруто-домашниот производ од 3,5 проценти за годинава и 3,8 проценти во 2020-та – реално остварлив или преоптимистички?! Власта и бизнисот со спротивни ставови. Владата планира годинава раст на економија од 3,5 проценти. Министерката за финансии Нина Ангеловска откри дека со Буџетот за 2020-та година e проектиран раст од 3,8 проценти. Истите проекции ги даде и Народната банка. Но, бизнисмените се скептични. Велат, растот на БДП кој го планираат властите за годинава од 3,5 проценти е преоптимистички – тврдат тој е неостварлив. Скептици се и дека економијата до година ќе порасне за 3,8 проценти, бидејќи е изборна година, во која сите економски активности ќе бидат во застој до втората половина на 2020-та година- се до формирањето на новата Влада.

Народната банка го проектира растот на 3,5 проценти, нешто што не знаеме колку е остварливо до крајот на годината, земајќи предвид дека веќе е отпочната кампањата на политичките партии за предвремените парламентарни избориИ со самата најава за изборите компаниите почнаа резервирано да гледаат на сите оние проекти кои што ги имаа планирано за следната година. А и со самото тоа што ќе бидеме во очекување на новата влада, се она што беше планирано за првите шест месеци од 2020-та година дефинитивно ќе биде во фаза на застој. Не верувам дека ќе успееме да го постигнеме овој раст од 3,5 проценти“– вели Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на Стопански Комори.

Дека изборите се кочничар за економијата смета и првиот човек на Стопанската Комора бранко Азески.

За време на избори постојат законски ограничувањаза спроведување на јавни набавки, а инвестициските активности на компаниите често се злоупотребуваат за изборни цели. Состојбата во моментов е ваква: за предвремени избори се зборува веќе три месеци, закажавме избори 5,5 месеци порано и да претпоставиме дека уште еден месец ќе има приговори, прегласувања… практично, цела година сме во некаква тензија– вели Азески.

Дека е можно изборите да ја забават економијата смета и Гувернерката Анита Ангеловска – Бежовска. Но, за разлика од бизнисот таа смета дека ефектите ќе се чувствуваат на пократок рок. Народната Банка и во ноември ги задржа макроекономските проекции кои ги проектираше во април- раст на економијата годинава од 3,5 проценти, до година 3,8 проценти. Но, предупредуваат дека ризиците сега се поголеми од тие во април.

Искуството до сега упатува дека изборите е можно да имаат влијание на забавување на економската активност, но она што е карактеристично и вобичаено е дека ефектите од тоа се чувствуваат на пократок перирод. Така што можно е, не е исклучена можноста да има одредено забавување на економската активност, но важно е во целиот овој период да се продолжи со структурните реформи, бидејќи тие се најважниот фактор што го детерминира растот, ги подобрува ефектите на економијата, за да може по завршувањето на тој изборен циклус, со поголем потенцијал на нашата економија да се остварат повисоки стапки на раст кои несомнено ни се потребни– изјави Гувернерката, Анита Ангеловска Бежовска.

Инаку и владините проекции и тие на централната банка се над очекувањата на сите меѓународни финансиски институции кои и прогнозираат раст на БДП на земјава од 3,2 проценти.

Ветувањата за раст од 5-6 проценти –  само на зборови

Токму пак повисоки стапки на раст, се главните адути предизборно на сите влади до сега. Во кампањите сите ветуваат раст на БДП од 5-6 проценти за благодетите од економијата да можат да ги почувствуваат граѓаните, но 15 години наназад земјава не се помрднала од стапка на раст на БДП во просек од околу 3-4 проценти, стапка која покажува, дека нагоре надолу, економијата во земјава, и покрај толку многу ветувања на сите економски влади до сега, сепак не се поместила од мртва точка. Посакуваните 5-6 проценти на раст на БДП кој ќе трае континуирано неколу години, за да може да го поткрене и животниот стандард на населението, реално никој до сега не остварил. Највисок раст во последните 16 години македонската економија имала во 2007 година од 6,5 проценти.

Ако се спореди пак БДП по жител, Македонците и Босанците се најсиромашни во регионот. Македонциите имаат помалку од 5.000 евра по жител, што пак не е споредливо со БДП-то по жител на развиените европски земји, каде тоа се мери во стотина илјади евра годишно.

 

Ф.А.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП