28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКапело: Клоп направи магија, за Гвардиола фудбалот е како театар

Капело: Клоп направи магија, за Гвардиола фудбалот е како театар

Италијанскиот фудбалски стручњак, Фабио Капело, во пресрет на утрешното супер-дерби од Премиерлигата помеѓу Ливерпул и Манчестер сити, направи споредба на нивните тренери.

– Според мене, Клоп во Ливерпул направи нешто магично, атмосферата во тимот е фантастична, фудбалерите ги рефлектираат чувствата на навивачите. Конекцијата на фановите со играчите е уникатна. Гвардиола е поинаков. Мислам дека тој сака тимот да игра како е во театар. Шоуто е супер, но тој сака и уметност, театар – анализира Капело.

Утрешниот меч на „Енфилд“ е важен, бидејќи Ливерпул има шест бода повеќе, и ако триумфира, ќе побегне на дури девет, што би можело да се покаже како недостижна разлика. Но, Сити ја брани титулата, тие се последен англиски тим кој ги совладал „црвените“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП