1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси 37 милиони луѓе во Америка поседуваат некаква форма на криптовалути

Речиси 37 милиони луѓе во Америка поседуваат некаква форма на криптовалути

Бројот на Американци кои поседуваат криптовалути скоро двојно се зголеми во 2019 година.

Истражувањето на компанијата „Finder“ покажа дека бројот на американски државјани кои поседуваат криптовалути се зголеми од 7,95 проценти во 2018 година на 14,4 проценти.

„Finder“, компанија за финансиски услуги со седиште во Австралија, анкетирала 2.068 Американци за да утврди дека до денес, 36,5 милиони луѓе во САД поседуваат некаква форма на криптовалути.

Под називот „Се поголем број американци поседуваат криптовалути“, беше објавено истражувањето на 14 октомври.

Според истражувањето, просечниот износ на американските криптовалути во вкупна сопственост е 5.447 американски долари.

Повеќе од половина од сопствениците на криптовалути во САД се сметаат за „крипто полигамисти“, бидејќи 55,4 проценти од сопствениците на Bitcoin (BTC) кои ги анкетирал “Finder”, тврделе дека поседуваат и друга форма на криптовалути. Слично на другите истражувања, оваа анкета вели дека мажите поседуваат криптовалути скоро двојно повеќе од жените, при што 19 проценти од анкетираните мажи тврдат дека имаат некаков вид на криптовалути во споредба со само 10 проценти од жените.

Според компанијата “Finder”, повеќето американци поседуваат некаква форма на криптовалути, бидејќи сметаат дека тоа е еден вид инвестиција. Како такви, 61 процент изјавиле дека тие поседуваат криптовалути за инвестициски цели, додека само 29,3 проценти изјавиле дека ги користат за трансакциски цели. Во меѓувреме, дури 25,6 проценти од американците имаат криптовалути затоа што сакаат да ги складираат своите пари надвор од традиционалните финансиски институции.

Од друга страна, очигледно е дека недостатокот од едноставна употреба е главната причина зошто американците претпочитаат да се држат настрана од криптовалутите во 2019 година. Според „Finder“, 47,9 проценти рекле дека криптовалутата е „премногу комплицирана или тешко да се разбере“ како причина за да не се инвестира. Оваа категорија ја следат 45 проценти од луѓето кои едноставно не се заинтересирани за криптовалути и 23 проценти кои веруваат дека криптовалутите се премногу ризични.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП