10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој фактор негативно влијае на изгледот и здравјето на кожата

Овој фактор негативно влијае на изгледот и здравјето на кожата

Генетиката, хормоните, исхраната и стресот се некои од најчестите фактори кои влијаат на појавата на акни кај возрасните. Меѓутоа, неодамнешна студија предупредува на уште еден фактор ризик – загадување на воздухот.

За да ја испитаат поврзаноста помеѓу загадувањето и акните кај возрасните, француските научници спроведоа истражување во Кина. Тие за две години (од 2014 до 2016 година), го следеа трендот на бројот на дерматолошки прегледи во зависност од концентрацијата на загадувачките материи во воздухот. Се покажа дека во време на зголемено загадување на атмосферата се зголемува и бројот на посети кај дерматолог поради проблеми со акните.

Загадувачките материи од воздухот ја ослабуваат заштитната бариера на кожата и го спречуваат нејзиното правилно функционирање, што резултира со појава на акни. Дерматолозите советуваат употреба на благи средства за чистење наутро и навечер, а еднаш неделно користете благ пилинг за лице кој ќе ја ослободи кожата од токсините и длабоко ќе ги исчисти порите. Наутро се препорачува и нанесување лесни креми со УВ заштитен фактор, бидејќи и УВ зраците, негативно влијаат на кожата, оштетувајќи ја и забрзувајќи го нејзиното стареење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП