2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтарбакс планира да заработи милиони

Старбакс планира да заработи милиони

star

Најголемиот синџир за кафе Старбакс, неодамна на американскиот пазар воведе програма за продажба на шољи за кафе за еднократна употреба, која одлично му се исплатеше.

Оној кој во кафетериите на Старбакс ќе купи „долготрајна“ шоља кафе со логото на компанијата (која чини еден долар), кафето ќе го чини 10 центи помалку, секој пат кога ќе ја донсе својата долготрајна шоља во некоја од кафетериите од американскиот ланец.

Старбакс со оваа програма, покрај целта да собере поени од своите потрошувачи кои се грижат за заштита на својата животна средина, како и  евентуалното задржување на тони хартија подалеку од депониите и собирање на голема доза позитивен публицитет, успеа да ја зголеми својата продажба, а со самото тоа и својата заработка.

Како што пренесува американскот портал Форбс, Старбакс благодарение на овој проект кој штотуку започна да се развива, ќе го зголеми својот профит во милионски суми.

Истражувањето на агенцијата „YouGov Omnibus“ на почетокот на оваа година, покажа дека околу 28 проценти од Американците, планираат да купат или веќе ја имаат купено шољата за кафе. Еднократното купување на оваа шоља на Старбакс му носи профит од 65 милиони долари.

Со оглед на тоа дека повеќето Американци пијат кафе во движење или во автомобил, голема е можноста за губење на шољата, а со фактот дека доколку не е изгубена, нејзиниот рок на траење е најмногу еден месец, лесно е да се пресмета дека овој проект на Старбакс ќе му донесе голема заработка.

Старбакс сега наместо на потрошувачите да им обезбеди бесплатни шољи на свој трошок, истите ќе ги продава како повеќекратни, при тоа смалувајќи  ги трошоците за изнесување на ѓубре од секоја едница во синџирот кафулиња.

Додатен „бонус“ е бесплатната реклама која е многу поефикасна од оние на билбордите, проценуваат маркетиншките експерти. Логото на шољите Старбакс ќе биде присутен речиси во секој дом, канцеларија, кино сала или пак на места каде што самиот сопственик ќе си ја понесе.

Старбакс со овој проект ја зголемил и лојалноста на своите потрошувачи, со што сега тие не само што ќе имаат визуелен потсетник каде да купат кафе, туку имаат и заштеда од 10 центи за веќе купената шоља, која е мотив плус за посета на овој ланец за кафиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП