24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Лихт: Во Ајакс се чувствував непобедливо, сега сè е поинаку

Де Лихт: Во Ајакс се чувствував непобедливо, сега сè е поинаку

Дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт не жали за неговата преселба од Ајакс во италијанскиот клуб, иако во Амстердам се чувствувал непобедливо.

– Мислам дека оди добро. Сепак за мене ова е нешто ново. Јас напредувам и не сум загрижен. Во Ајакс се чувствував непобедливо и сега сè е поинаку. На крајот, сигурен сум дека сè ќе биде добро и сезоната ќе биде успешна, изјави 19-годишниот Де Лихт.

Тој се пресели во Јувентус од Ајакс, за кого минатата сезона одигра 55 натпревари на сите натпреварувања, постигна седум голови и оствари четири асистенции.

Во тековната сезона, Де Лихт настапи на седум натпревари за италијанскиот тим без да учествува во продуктивни акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП