19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСекој Европеец кој живее во град е изложен на ниво на загадување...

Секој Европеец кој живее во град е изложен на ниво на загадување штетно за здравјето

Околу 400.000 смртни случаи се забележани во Европа поради лошиот квалитет на воздухот во текот на 2016 година, објави Европската агенција за животна средина (ЕЕА), објави Reuters.

Во извештајот се наведува дека скоро секој европеец кој живее во град е изложен на ниво на загадување кое ја надминува границата и е штетно по неговото здравје.

„Загадувањето на воздухот во моментов е најважниот ризик по здравјето на луѓето“, се вели во извештајот.

Експертот од ЕЕА за квалитет на воздухот, Алберто Гонзалес Ортиз, изјави дека нивото на опасни честички во европските градови се намалува, но не доволно брзо.

„Сè уште не сме ги постигнале стандардите на ЕУ, и се разбира, далеку сме од тоа да ги достигнеме стандардите на Светската здравствена организација“, изјави Ортиз.

Според законот на ЕУ, од земјите се бара да го проценат степенот на присуство на штетни честички во воздухот, особено во урбаните области и да преземат мерки доколку се надминат одредени ограничувања.

ЕУ воведе поостри ограничувања во врска со штетните честички откако највисокиот суд на европскиот блок во јуни донесе пресуда дека градовите треба да преземат акција доколку ограничувањата се надминат на само една локација, наместо да се земе предвид просечната вредност во еден регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП