26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе уште живее идеата за суперлуксузен Cadillac

Се уште живее идеата за суперлуксузен Cadillac

cadillac ciel 11111

Американскиот автомобилски производител „Cadillac“ веќе со години размислува за производство на врвен модел кој би го заземал врвот на нивната понуда, но конкретна одлука досега не е донесена. Тие во јавноста своевремено претставија дури два концепти – „Sixteen“ и „Ciel“ и двата беа спектакуларни, но и прескапи за да биде одобрено сериско производство.

Најновите информации говорат дека во „Cadillac“ одлучиле да се откажат од врвна лимузина со погон на задните тркала чија пазарна вредност би изнесувала повеќе од 100.000 долари, затоа што не би била исплатлива и не би го подигнала угледот на брендот во светот.

Сепак компанијата од Детроит и натаму размислува за лансирање на големо и луксузно возило, а изгледа повеќе детали би можеле да дознаеме на годинешниот „Pebble Beach Concours d’Elegance“ каде се очекува „Cadillac“ да го претстави својот нов концепт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП