26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа што се е добар модриот патлиџан

За што се е добар модриот патлиџан

Иако го сметаме за зеленчук, модриот патлиџан е всушност овошје, плод кој расте на билка која цвета и во себе содржи семки.

Навикнати сме на виолетови или црни, но постојат и сорти кои се црвени и зелени.

Одличен е во секој рецепт, а можете да го подготвите на огромен број начини. Пржете го, испечете го, динстајте го, сервирајте го во готвени јадења, топли салати…

Има малку калории

Модриот патлиџан има околу 25 калории на 100 грама, што го прави нискокалоричен. Содржи влакна, калиум, витамин К, витамин Ц, како и магнезиум во мали количини.

Го штити организмот од слободни радикали

Богат е со антиоксиданти, кои спречуваат оштетување на клетките од слободни радикали. На тој начин штити од разни хронични болести, како што се срцеви заболувања.

Го намалува нивото на шекер

Модриот патлиџан содржи влакна кои минуваат низ телото недопрени, односно не се варат. Го успоруваат варењето и апсорпцијата на шекер, со што неговото ниво во крвта го прави стабилно. Содржи полифеноли кои можат да ја подобрат секрецијата на инсулин.

Одличен е ако држите диета

Модриот патлиџан има благ вкус, поради што можете да го подготвите на голем број начини по свој вкус. Има многу малку калории, а поради високата содржина на растителни влакна, дава подолго чувство на ситост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП