26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕлон Маск потврди: ТЕСЛА пристигнува во Србија и во Хрватска

Елон Маск потврди: ТЕСЛА пристигнува во Србија и во Хрватска

Основачот и првиот човек на Тесла, Елон Маск напиша на Твитер дека Тесла наскоро ќе биде во Словачка, Србија и во Хрватска. Маск ова го напиша како одговор на прашањето на еден од неговите следбеници на таа социјална мрежа, кој сакаше да знае кога може да се очекува пристигнувањето на Тесла во Словачка.

„Се надеваме на отворање во Словачка, Хрватска, Србија и поголемиот дел од Источна Европа на почетокот на следната година. Конечно, ќе го направиме Никола Тесла горд што ги има своите автомобили во земјите од каде потекнува “, напиша Маск на Твитер.

Маск не прецизираше што конкретно значи тоа, но тешко е да се верува дека станува збор за производство на автомобили, но поверојатно станува збор за отворање на застапништво или директна дистрибуција, пред се на електрични автомобили.

Следните коментари се фокусираа на потеклото на Тесла, при што едни тврдат дека е Србин, а други Хрват.

Патем, Тесла веќе започна да ја проширува својата мрежа за продажба низ Источна Европа, така што купувањето на нивните возила е можно од скоро во Унгарија, Полска, Романија и Словенија. Компанијата во моментов има сервисен центар само во Полска, но најави отворање на друг центар во Будимпешта.

Компанијата Tesla е можеби најпозната по својот „Model 3“, чие производство има големи проблеми затоа што капацитетот не може да го исполни бројот на нарачани возила. Поради ова, Маск минатата година напиша дека спие во фабриката.

Инаку, производството на автомобили е само еден сегмент од неговиот бизнис затоа што тој е основач и на компанија Space X, како и ко-основач на Neuralink и Peypal.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП