19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИспрекинатиот сон лошо влијае на мозокот и срцето

Испрекинатиот сон лошо влијае на мозокот и срцето

Различни звуци, па дури и оние пригушени понекогаш можат да доведат до прекин на спиењето. За многумина од нас солидни осум часа знаат да бидат невозможна мисија, за некои дури и шест часа непрекинат сон звучи како фантазија.

Едно истражување открило дека испрекинатиот сон има негативно влијание врз здравјето, исто како и недостаток на сон.

„Многу знаеме за влијанието на сонот врз здравјето, а сега научивме повеќе информации за влијанието на испрекинатото спиење“, изјави Чарлс Бае, експерт од клиниката Кливленд.

За да се добие што е можно повеќе увид за влијанието на испрекинатиот сон врз здравјето, Ави Садех, професор на Универзитетот за психолошки науки во Тел Авив, проучувал 61 млади луѓе благодарение на актиграфот, уред сличен на часовник, кој го следел нивното спиење.

Првата вечер испитаниците спиеле цела ноќ. Следното утро извршиле неколку задачи за проценка на когнитивните способности и анкета за да се процени нивното расположение.

Другата вечер нивниот сон е прекинат со ѕвонење на мобилен телефон. Некои по ѕвонењето морале да извршаат задачи, а други се вратиле на спиење, па следното утро ги завршиле задачите и ја решиле анкетата.

По вечерта со испрекинат сон учесниците имале проблем со концентрацијата и се чувствувале крајно нерасположено. Ави Садех и колегите дошле до сознание дека оние со испрекинат сон еднакво лошо функционираат како и оние кои спиеле само четири часа.

“Испрекинатиот сон влијае на концентрацијата и меморијата. Веројатно мислите дека тоа е очекувано, но претходните истражувања не го разгледуваа на овој начин влијанието на испрекинатиот сон. Луѓето кои имаат испрекинат сон имаат побавно време на реакција, проблеми со концентрацијата, со донесување одлуки, често страдаат од депресија и повеќе се чувствителни на болка“, изјави Ави Садех.

Испрекинат сон има негативно влијание врз здравјето, го зголемува крвниот притисок, а негативно влијае и на губење килограми. Луѓето кои често имаат проблеми со испрекинат сон, професорот советува да не земаат лекови на своја рака, туку поради проблем со спиењето да се обратат на лекар.

„На луѓето спиењето мора да им биде приоритет“, посочува професорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП