4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасилена контрола на зелените пазари

Засилена контрола на зелените пазари

zelen-pazar_0

Министерството за економија од денеска, во координација со повеќе институции, почна засилена контрола на сите зелени пазари во Македонија. Акцијата ќе трае во наредните 10 дена.

– На сите што ќе продолжат да работат без да го почитуваат законот, им се закануваат казни и одземање на стоката во првата фаза. Во втората фаза, ќе бидат поднесени и кривични пријави, изјави ресорниот министер Ваљон Сарачини, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето Меморандум за соработка со британскиот амбасадор Кристофер Ивон.

Сарачини напомена дека до Министерството стигнуваат поплаки од граѓаните, но и од луѓето кои законски работат на пазарите за разлика од дивите продавачи.

– Во последно време се евидентирани многу диви пазарџии кои продаваат нелегално, на улица. Затоа почнуваме со засилени контроли. Вчера на средба со Пазарната инспекција Општина Чаир, Град Скопје и МВР ги координиравме активностите, информира Сарачини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП