26 април, 2024

Тур де Кеш

Cycling-Tour-de-France

Започна јубилејното 100-то издание на Тур де Франс и во него учествуваат 198 велосипедисти кои ќе атакуваат кон финалето во Париз. За да стигнат до таму сепак им треба не само неверојатна физичка издржливост, туку требаат и пари. Многу пари. Подготовката на еден велосипедист е многу скапа, а парите кои се заработуваат од натпреварите не се доволни.

Во Тур де Франс се раздава награден фонд од само 2.6 милиони долари, кои се поделени меѓу победниците во вкупно 21 етапа. Просечниот годишен буџет за тим со лиценца за учество во најголемите велосипедски манифестации како Тур де Франс, „Giro d’Italia“, „Vuelta“ и други е околу 11.4 милиони долари. 71 процент од оваа сума е за плати на натпреварувачите.

Просечната годишна плата на велосипедистот во таков тим е 142.000 долари, но најдобрите на Тур де Франс може да заработат и околу 5 милиони долари. Остануваат многу малку пари за покривање на другите трошоци, како облека, транспорт и плати на другиот персонал, како лекари, тренери, физиотерапевти и други. Натпреварувачкиот календар на велосипедистите трае околу 240 дена.

Тогаш тука доаѓаат спонзорите и тука почнува големиот бизнис. Спонзорите носат 94 проценти од приходите на еден тим. Производителот на велосипеди „SCOTT Sports“, на пример го спонзорира тимот „OGE“ од 2012-та година. Тие ја обезбедуваат сета потребна опрема, како и финансиска помош. Тренинзите на еден тим чинат меѓу 11 и 32 милиони долари за година, во зависност од тоа какви содржини и тренери се вклучени.

Спонзори се потребни и за транспорт на тимот и велосипедите. Тој се врши со специјални модифицирани камиони. Модификацијата на еден камион чини 195.000 долари. Каков ќе биде нивниот ранг на Тур де Франс зависи и какво ќе биде финансирањето на велосипедистите за следната година. Затоа тие имаат не само морална, но и финансиска мотивација да дадат се од себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП