7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAspiron е новото дело на Innotech

Aspiron е новото дело на Innotech

innotech-aspiron-1

Чешката компанија „Innotech“ која е специјализирана за тјунирање на Шевролет Корвета, го претстави својот нов тркачки модел чија премиера е закажана за фестивалот на брзината во Гудвуд.

„Aspiron“ во чија изработка се користени јаглеродни влакна (тежок е 762 kg), ќе биде достапен со неколку осумцинидарски агрегати на американскиот производител „General Motors“ со распон на снагата од 500 до 800 „коња“.

innotech-aspiron-2

Најмоќната верзија ќе го има моторот на Корвета „LS9“од 6.2 литри  со турбо компресор и одлични 800 KS и 545 Nm вртежен момент, додека во план е варијанта и со 1000 KS која ќе работи на етанол.

За преносот ќе биде задолжен шестстепен „Ricardo“ мануелен менувач кој снагата ќе ја распределува на тркалата на задната осовина, додека пак диференцијалот е позајмен од Форд.

innotech-aspiron-3

Во кокпитот се наоѓаат две седишта кои ги штити масивен заштитен кафез. За покрупните возачи достапни се и седишта во ХL величина. Во централниот дел се наоѓа екран осетлив на допир кој ги нуди сите потребни информации за перформансите.

Почетната цена на основниот „Aspiron“ (со 500 KS) изнесува 114.400 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП