5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто е важно да внесувате доволно селен?

Зошто е важно да внесувате доволно селен?

Иако ни треба многу малку селен дневно (55 мгг), овој минерал е исклучително важен за нашето тело бидејќи учествува во метаболички процеси и функции на тироидната жлезда. Познат е антиоксиданс, и во комбинација со витамин Ц и Е, витамин Б3 и глутатион, ги штити нашите клетки од оштетување на слободните радикали и ги засилува функциите на имуналниот систем.

Селенот исто така ни помага да се справиме со стресот, а доволното внесување на овој минерал е неопходно и за добро расположение.

Некои студии покажаа дека повисоки нивоа на селен во крвта можат да бидат поврзани со намален ризик од карцином на дојка, белите дробови, дебелото црево и простатата, како и со помала шанса за појава на срцеви заболувања.

Кога станува збор за функцијата на тироидната жлезда, една студија во која учествуваа 6000 субјекти откри дека пониските нивоа на селен во крвта може да бидат поврзани со зголемен ризик од Хашимото тироидитис и хипотиреоидизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП