
Алкалоид АД Скопје, регистрираше ново друштво во Република Турција со назив Alkaloid Ilac ticaret limited sirketi со седиште во Истанбул.


Алкалоид АД Скопје, регистрираше ново друштво во Република Турција со назив Alkaloid Ilac ticaret limited sirketi со седиште во Истанбул.
Друштвото, соопштија од компанијата, е во 100 отсто сопственост на Алкалоид АД Скопје. Главна цел за отворање на ова ново друштво, како што се наведува, е зајакнување на постојните позиции на пазарот во Турција, каде Алкалоид е присутен преку продажба на течни минерални ѓубрива, како и влез на пазарот со фармацевтски производи и производи од сите останати програми на Алкалоид, а воедно и пробив на пазарите во Азија и Блискиот Исток.
Со ова Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на Компанијата како главна стратешка определба, стои во соопштението.