21 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИEasyJet во своите авиони воведе библиотека со 60.000 книги

EasyJet во своите авиони воведе библиотека со 60.000 книги

Авиокомпанијата EasyJet претстави новитет во своите авиони, а тоа е библиотека.

EasyJet на своите патници им дозволува да позајмат книга и така да го поминат летот. Повеќе од 60.000 книги се достапни на 300 летови, а идејата е патниците да позајмат книга, да ја прочитаат на своите деца и потоа да ја вратат за да ги користат другите патници.

Книгите се наоѓаат во џебовите на задниот дел од седиштето, а изборот вклучува „Dinosaur Juniors“ Роб Бидулпх, “Mog and Bunny” Џудит Кер, „Paddington Abroad“ Михаел Бонд, „The Boy Who Could Do What He Liked“ Давид Бадиел и ”Greek Girl” Холи Смил.

”Ние во EasyJet сакаме да создадеме иницијативи наменети за семејства кои летаат со нас за да ги забавуваме, но и да им олесниме на родителите. Се надеваме дека нашите патници уживаат во приказните“, изјави директорката на кабинскиот екипаж, Тина Милтон.

Новата програма вклучува и терминална забава за оние кои летаат од аеродромот London Luton. Се работи за низа активности во кои се вклучени ликови од книги за деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар