3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдземена дозволата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна банка

Одземена дозволата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна банка

komisija za hartii od vrednost

Комисијата за хартии од вредност трајно и ја одзеде дозволата за работа на Службата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Ваквото решение, како што денеска информира КХВ, е донесено врз основа на претходно усвоените одлуки на Управниот и на Надзорниот одбор на банката согласно кои Службата за работа со хартии од вредност ќе престане да врши услуги.

КХВ ги задолжи Македонска берза и Централниот депозитар за хартии од вредност по приемот на решението да ја исклучат од членство Централната кооперативна банка – Служба за работа со хартии од вредност.

Со ова, на македонскиот пазар за хартии од вредност активни остануваат четири овластени банки и десет брокерски куќи.

На последната седница на КХВ дадена е согласност Лазе Камчев и Маријан Николовски да
бидат повторно именувани за извршни директори на Друштвото за управување со фондови КД
Фондови АД Скопје со мандат од четири години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП